Соопштенија

Известување за градежни активности на улицата „Киро Рогужаров“

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека од денес, 24.09.2018 (понеделник) на улица Киро Рогужаров ќе се изведуваат градежни работи за санирање на ударни дупки на улицата со завршен слој бетон. Градежните работи ќе се изведуваат  од потегот – спој на ул Киро Рогужаров – Вера Циривири до спој Киро Рогужаров – Димитар Влахов.

Се замолуваат граѓаните за трпение додека се изведуваат градежните активности, а се во интерес на квалитетно и непречено завршување на санацијата. Активностите ќе се изведуваат најмалку три дена.