Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“

 ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО

за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“

Општина Велес и оваа година традиционално ќе ја организира манифестацијатa „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“ презентација на питата пастрмајлија и виното каде производителите на пекарски и алкохолни пијалоци односно угостителите и винариите ќе го промовираат сопственото производство.

Манифестацијата „ Фестивал на велешка пита и вино 2018“ ќе биде од изложбен и продажен карактер.

Цел на  манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција  на  питата пастрмајлија, препознатлив велешки специјалитет, но истовремено ќе им помогне на угостителите, винариите, малите и средните компании од прехрамбениот сектор, пред потенцијалните потрошувачи од Вардарски плански регион и Македонија, како и здруженија на сродни производители, стопански комори, ресорни министерства, амбасади, организации и фондации за поддршка на претприемништвото во Република Македонија, кои ќе бидат поканети да го посетат настанот.

Оваа година манифестацијата ќе се одржи во  периодот од 19, 20 и 21 Октомври на ул. „8-ми Септември“ (С‘рамале до кружниот тек) со богата културно-уметничка и забавна програма.

Се повикуваат сите угостители, винарии, правни лица и регистрирани индивидуални  пекарски производители, да се пријават за учество  во Општина Велес .

Контакт лица за дополнителни информации за манифестацијата можете да добиете на телефон: 043/232-406; 043/232-966 или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. тел:076/351-864 или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. тел:070/377-071