Соопштенија

Известување за граѓаните – реконструкција на улицата „Питу Гули“

На 15 октомври годинава започна реализацијата на проектот за реконструкција на улицата „Питу Гули“ во должина од околу 130 метри, од спојот со улицата „Славе Петков“ до над раскрсницата која води до резервоарот за водоснабдување.

Градежните работи ќе се одвиваат во период од околу 2 недели. Во работата ќе се користи механизација од различен вид. Општина Велес апелира до граѓаните да не паркираат возила на споменатите локации и да овозможат непречена изведба на градежните работи.