Соопштенија

ОДЛУКА за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Велес

Врз основа на член 36, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02), член 23, став 3 од Законот за угостителска дејност („Службен весник на РМ“ бр. 62/04, 89/2008, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199, 129/15, 192/15, 39/16 и 71/16) и член 45, став 1 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес” бр. 12/06, 03/09, 18/10, 15/14 и 15/18),
Советот на Општина Велес на седницата одржана на 17.10.2018 година, донесе

ОДЛУКА
за продолжување на работното време на
угостителските објекти во Општина Велес

Член 1

Со оваа Одлука се врши продолжување на работното време на угостителските објекти кои работат на подрачјето на Општина Велес, за време од два часа од регистрираното работно време на угостителскиот објект.

Член 2

Продолжувањето на работното време од два часа, важи од 19.10.2018 година до 21.10.2018 година, по повод одржувањето на манифестацијата „Фестивал на Велешката пита и виното“ 2018.

Член 3

Оваа Одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен гласник на Општина Велес".

Број 25-5352/4
17.10.2018 година.
Велес

Претседател
на Советот на Општина Велес
м-р Душко Петров