Соопштенија

Известување за градежни работи на улица„ Питу Гули“

Општина Велес ги известува граѓаните дека од утре, среда 31 октомври, 2018 година, на улицата„ Питу Гули“ ќе се изведуваат градежни работи –бетонирање.

Се молат граѓаните кои живеат на спомената улица да не ги паркираат возилата на улицата со цел да се овозможат непречени услови за изведување на работите. Градежните работи ќе се изведуваат во текот на оваа недела до целосно завршување на планираните активности .