Соопштенија

Акција за собирање на електричен и електронски отпад

По четврти пат Општина Велес, ЈКП Дервен и „Нула отпад“ - Скопје организираат Акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема За таа цел, компанијата „Нула отпад“ од Скопје отпечати информативен леток кој веќе се дистрибуира со сметките за комунални услуги.

Сите правни и физички лица кои во своите домови и објекти поседуваат отпадна опрема од:

  • големи домашни апарати,
  • мали домашни апарати,
  • компјутерска опрема,
  • електронска опрема,
  • опрема за осветлување,
  • електрични и електронски апарати,
  • електронски играчки и опрема,
  • кабли, адаптери, полначи за мобилни телефони,
  • батерии и акумулатори,

мoжат да се јават на телефонскиот број 070/233-768, секој работен ден од 07:00 до 14:00 часот.

Отпадот од електрична и електронска опрема ЈКП „Дервен“ бесплатно ќе го превземе од Вашите домови и при тоа на граѓаните ќе им издаде изјава за примопредавање.

Акцијата ќе се реализира од 1 ноември до 1 декември 2018 година.

Приклучете ни се во акцијата за почист Велес. Отпадот ќе заврши на соодветно место во согласност со закон, а не на јавните површини.