Соопштенија

Жестока битка за животната средина – Јавна расправа за Превалец

На барање на Општина Велес, а во врска со барањето на компанијата „Технопавер-Каменолом Превалец“ за добивање на А интегрегирана еколошка дозвола, денеска во преполната сала на Општина Велес се одржа јавна расправа.

На расправата на која присуствуваа градоначалникот Аце Коцевски, претставници на Министерството за животна средина, претставник на инвеститорот, здруженија на граѓани, медиуми и жители на населбите „Тунел“ и „Превалец“ консултантската куќа која го подготви барањето ги презентираше активностите кој ќе ги преземе „Технопавер“ за да ја добие А интегрираната дозвола.

Градоначалникот Коцевски реагираше на бавноста на надлежните институции кои дозволиле протовзоконски „Техноавер“ да работи од јуни до денес со одземена дозвола. Тој побара итно запирање на работата на компанијата се до издавање на дозволата. Во спротивно заедно со граѓаните на Велес ќе застане на чело на протести што со жив штит ќе се организираат околу фабриката.

Присутните на расправата реагираа на минирањето што се случило на 29 октомври годинава, на прашината која се шири во околината и им влегува во домовите и загадувањето на реката Тополка.

Граѓаните истакнаа дека немаат доверба ниту во компанијата ниту во надлежните интитуции затоа што очигледно е дека институциите и во моментов толерираат противзаконско загадување на животната средина и работење на компанија која нема дозвола за тоа.

Општина Велес писмено ќе ги достави своите бројни забелешки во врска со барањето и постапката која се води во Министерството за животна средина. Истовремено ќе продолжи користењето на сите правни механизми за стопирање на работата на фабриката и заштита на здравјето на граѓаните.