Соопштенија

Работна посета за зајакнување на општинските совети

Во рамките на  проектот „Зајакнување на општинските совети“, делегација составена од претседатели на совети и советници од 13 македонски општини беше во работна посета на Република Хрватска и Република Словенија во периодот од 19 до 24 ноември.

Советот на Општина Велес го претставуваше советникот Весна Стојанова Богоевска.

Во рамки на посетата беа реализирани голем број на работни средби со претставници на локалната и централната власт во Загреб, Бјеловар, Сисак, Подчетртек, Марибор и Љубљана.

Целта на работните средби беше во насока на јакнење на капацитетите на општинските совети за вршење на своите надлежности преку искуствата и работните методи на општинските совети во Хрватска и Словенија

 Посетата во Хрватска и Словенија, преставникот на Советот ја искористи и за посета на Амбасадите на Република Македонија во Словенија и Хрватска каде беше разговарано за зајакнување на  соработката и размената на примери на добри пракси на локално ниво со овие две земји.