Соопштенија

Јавен конкурс за избор на директор на Локалната установа „Народен музеј“ - Велес

Врз основа на член 50, став 1, точка 9 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр. 5/02), член 11, точка 3 од Законот за музеите („Сл.весник на РМ“ бр. 66/04, 89/08, 116/10, 51/11, 88/15,152/15 и 39/16) и член 23 од Законот за работните односи („Сл.весник на РМ“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15,129/15и 27/16),

Градоначалникот на Општина Велес распишува

Ј А В Е Н    К О Н К У Р С
за избор на директор на Локалната установа
„Народен музеј“- Велес

1.Кандидатот покрај општите услови утврдени со законот, треба да ги исполнува и посебни услови утврдени со Статутот на установата:

  • да има висока стручна подготовка (VII/1 степен) од Филозофски факултет –Историја на уметноста, Археологија, Историја, Факултет за ликовни уметности, Природно-математички факултет –отесек Етнологија;
  • да има најмалку 5 години работно искуство во музејската дејност и заштита;
  • да нема законска пречка за избор.

2.Кандидатот со Пријавата потребно е да ги достави следните документи:

  • Заверен препис на Диплома за завршено високо образование;
  • Потврда за работно искуство;
  • Кратка биографија;
  • Програма за развој на Локалната установа.

3.Неделно работно време 40 часа, дневно работно времеод 8:00ч. до 16:00ч.

4.Основна нето плата 27.000денари.

5.Јавниот конкурс ќе трае 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето.

6.Комисијата во рок од 5 (пет) дена по завршувањето на јавниот конкурс, ги разгледува документите.

7.Изборот се врши во рок од 15 дена по добивање на предлог од комисијата.

8.Ненавремената и некомплетната документација нема да биде рагледувана.

9.Пријавата со документацијата се доставува до Управниот одбор на Локалната установа „Народен музеј“ Велес, односно во просториите на Установата на ул. „8-ми Септември“ бр 22. 1400 Велес