Соопштенија

Јавен повик до доверителите на Општина Велес и доверителите на единките корисници основани од Општина Велес, за пријавување на доспеани, а неплатени обврски

Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (,,Службен Весник на РМ,, бр.209/18),
Градоначалникот на Општина Велес, објавува

Ј А В Е Н П О В И К
до доверителите на Општина Велес и доверителите на единките корисници основани од Општина Велес, за пријавување на доспеани, а неплатени обврски

Се повикуваат сите доверители на Општина Велес и единките корисници основани од Општина Велес кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година, да се пријават во Општина Велес со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.

Рокот за пријавување на побарувањата изнесува 30 (триесет) дена од денот на објавувањето на Јавниот повик, не сметајќи го денот на објавувањето.

Со Пријавата, во која ќе биде означено дали истата се однесува за Општина Велес или за единките корисници, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

• Тековна состојба (за правните лица), не постара од 6 (шест) месеци, во оргинал или копија заверена на нотар,
• Фактура/Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица),
• Договор или друг правен основ од каде произлегува побарувањето од доверителот кон Општина Велес.

Документацијата заедно со уредно пополнетата пријава се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на пријавата ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од архивата на општината или да ја превземат од web-страната на Општина Велес www.veles.gov.mk

Пријавата со потребаната документација да се достави лично во архивата на Општина Велес (од 7:30 до 15:30 часот секој работен ден) или преку пошта со препорачана пратка на ул,,Панко Брашнар“ бр.1 Велес, со назнака „За Јавен повик за пријава на доверители“.

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Велес ќе ги разгледа пристигнатите пријави и ќе ги извести пријавените доверители за датумот и времето на одржувањето на преговарањето.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 043-232 406, локал 108 – Одделение за финансиски прашања или на електронската адреса : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Пријавите доставени по истекот на рокот, нема да бидат разгледувани.