Соопштенија

Јавен повик за поставување на самопродавачка машина (кафемат) за топли и ладни напитоци во просториите на Општина Велес

ЈАВЕН ПОВИК

за поставување на самопродавачка машина
(кафемат) за топли и ладни напитоци
во просториите на Општина Велес

Ги повикува сите заинтересирани правни и други лица регистрирани и овластени за вршење на дејност да достават понуди за користење на просторот во зградата на Општина Велес, за поставување на самопродавачка машина (кафемат) за топли и ладни напитоци за период од 3 (три) години.

Понудата треба да биде јасна, разбирлива и на прецизен начин да го изразува понудениот надоместок за поставениот кафемат во зградата на Општина Велес.

Понудените продукти да бидат од регистрирани брендови, со декларација од производителот, во потполно исправна состојба и важечки рок на употреба и квалитет.

Понудувачот има обврска да врши дотур на продукти за непречена работа на кафематот, да го одржува исправен и функционален и редовно да го сервисира на 2 до 3 дена во неделата.

Рок за поднесување на понудите е 30 (триесет) дена од денот на објавата на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk.

Понудите се доставуваат писмено до архивата на Општина Велес ул.Панко Брашнар бр.1 Велес.

Дополнителни информации за горе неведеното може да се добијат на тел: 043 232 -406 локал 114