Соопштенија

Одлука за завршување на јавен оглас бр.03/2018

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ” бр. 5/02), член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ 62/2005....120/2018), а согласно член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18),

Градоначалникот на Општина Велес на ден 10.12.2018 година, донесе

О Д Л У К А
за завршување на јавен оглас бр.03/2018

Член 1

Се донесува Одлука за завршување на Јавен оглас бр.03/2018 за прием на работници во работен однос на неопределено време во општинската администрација на Општина Велес и тоа: 4 работника за давање на податоци и информации и 3 хигиеничари, поради усогласување со Годишниот план за вработување на Општина Велес и ТППЕ бр.08-1448/1 од 20.03.2018година, што е во согласност со член 20-а од Законот за вработените во јавниот сектор.

Член 2

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето и истата ќе се објави на веб страната на општината.

 

Образложение

Општина Велес објави Јавен оглас бр.03/2018 за прием на работници во работен однос на неопределено време во општинската администрација на Општина Велес и тоа: 4 работника за давање на податоци и информации и 3 хигиеничари.
Согласно Годишниот план за вработување на Општина Велес и ТППЕ бр.08-1448/1 од 20.03.2018година, потребно е да се изврши дефинирање на бројот на работни места изразени по припадност на зедницата.
Врз основа на горе неведеното се одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.