Соопштенија

Известување за чистење на снег на јавната површина пред деловните објекти

Се известуваат сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на Општина Велес, дека во зимски услови при снежни врнежи се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред нивните објекти, со што ќе обезбедат непречен пристап до нив.

Отстранувањето на снегот е согласно член 22 од Законот за Јавна чистота и член 16 од Одлуката за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес.

Доколку сопствениците или корисниците на деловни објекти не го исчистат снегот пред нивните деловни објекти, надлежните инспекциски служби ќе превземат соодветни мерки во склад со нивните овластувања и надлежности согласно Законот за Јавна чистота.

 

           

                                                                                                Општина Велес