Соопштенија

Известување за граѓаните

Поради ниските температури и до 150 под нулата, како и поради обилните количини на снег и можни подмрзнувања на коловозот, општина Велес апелира до возачите за внимателно возење.

Се апелира до возачите доколку немаат потреба од користење на моторни возила, да се воздржат од користење на истите во периодот додека сообраќајот се одвива отежнато и во зимски услови.

Се оценува дека временските услови ќе го отежнат движењето на возилата по патиштата и улиците, како и на пешаците по голем број од тротоарите, особено на помалите споредни улици.

За да се обезбеди непречено и безбедно движење на сите учесници на сообраќајот, посебен акцент деновиве им се става на тековните контроли, укажувања и апели до сите кои можат и треба да придонесат за остварување на оваа цел.

Возачите уште еднаш се потсетуваат да ја прилагодат брзината според условите на патот, да се воздржат од консумирање на алкохол додека управуваат со моторно возило,  да избегнуваат зборување на мобилен телефон додека возат, да практикуваат односно држат поголемо безбедносно растојание поради лизгавите коловози.

Општина Велес им благодари на сите граѓани кои ги почитуваат законите и правилата и со тоа лично придонесуваат за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.