Соопштенија

Честитка по повод празникот католички Божиќ

Почитувани сограѓани од католичката вероисповед,

Во свое лично име, во име на Советот на општина Велес и во име на сите граѓани, ви го честитам големиот христијански празник
Раѓање Христово-Божиќ.

Овој голем празник нека ви донесе  здравје, среќа, благосостојба и успех во сите предизвици во животот.
Ви посакувам незаборавни мигови со вашите најблиски, добра мисла, сплотеност и љубов.

Искрено,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски