Соопштенија

Интерен оглас бр.01/2018 за унапредување на административен службеник во Општина Велес

ИНТЕРЕН ОГЛАС БР.01/2018

за унапредување на административен службеник

во  Општина Велес

Општина Велес објавува Интерен оглас за унапредување на 1(еден) административен службеник за следново работно место:

 1.УПР 01 01 Б04 000-Раководител на одделение за заштита на животната средина 1 извршител.

Општи услови

-да е државјанин на Република Македонија,

-активно да го користи македонскиот јазик,

-да е полнолетен,

-да има општа здравствена способност за работното место,

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

-ниво на квалификациите VI A според македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен-Животна средина, биологија или хемија;

-најмалку 4 години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;

 

Општи работни компетенции

- учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни, раководење и финансиско управување.

 

Посебни работни компетенции

- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

- положен испит за административно управување,

 

Познавањето на еден од странските јазици може да се докаже со приложување на меѓународно признат сертификат или меѓународно признати уверенија, за утврденото ниво на работното место.

При ова административниот службеник треба да ги усполнува и следните услови:

-да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување;

-да е на работно место на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас;

- да поминал најмалку две години на тековното работно место и

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

Рокот за доставување на пријавите изнесува 10 (десет) дена, сметано од денот на објавување на огласот.

 

Распоред на работното време:

-   Работни денови: понеделник-петок

-   Работни часови неделно: 40

-   Работно време: од 07:30 до 15:30

-   Паричен нето износ на плата: 28.303,00 денари

На интеротниот оглас може да се јават административни службеници вработени во Општина Велес, кои ги исполнуваат општите и посебните услови и работни компетенции за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за административни службеници и во Правилникот за систематизација на работните места во Општина Велес.

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Велес до Одделението за човечки ресурси со назнака за интерен оглас како и на електронска адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Пријавата содржи

-име и презиме

-тековно работно место, ниво;

-работно искуство.

 

Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат и следните документи:

-потврди за успешно реализирани обуки и/или

-потврда за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник).

 

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот.

Ненавремена, нецелосна и неуредно поплнета пријава нема да биде предмет на разгледување.

Постапката ќе ја спроведе комисија за селекција за унапредување, формирана од Градоначалникот на Општина Велес.

Напомена: кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од натамошна постапка.

 

 

Бр. 03-6431/4                                                                 

21.12.2018


Пријава

Интерен оглас