Соопштенија

Известување за граѓаните

Во пресрет на одбележување на Коледе и Бадник, согласно утврдените мерки за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, при палење на коледарските огнови (на било која локација во градот или во околината) најстрого се забранува користење на несоодветни и опасни материјали како: гуми, пластика, делови од мебел, материјали премачкани со боја и лепило, отпадно масло од автомобили и слично.

Воедно, Општина Велес апелира го граѓаните коледарските огнови (кои се децениска традиција) оваа година да се палат во контролирана форма за да не се придонесува кон дополнително нарушување на квалитетот на амбиентниот воздух и да се намали ризикот за појава на пожар.

Придржувањето кон овие мерки е придонес за поздрава животна средина во каква што сакаме да претстојуваат пред се младите генерации, но многу значи и за ранливите категории на граѓани.

Да ја одбележиме вековната традиција, но да имаме во предвид дека треба да се однесуваме како одговорни граѓани кон животната средина.

Со почит, Општина Велес