Соопштенија

Одлука за избор на административен службеник по пат на интерен оглас

Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Сл. весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 100/14, 48/15, 154/15, 05/16, 142/16 и 11/18), а согласно Правилникот за систематизација на работните места на Општина Велес бр.01-2888/1 од 12.06.2018.2018 година,

Секретарот на Општина Велес, донесе

О Д Л У К А
за избор на административен службеник
по пат на интерен оглас

1.За извршител на работите на работно место: УПР 01 01 Б04 000-Раководител на одделение за заштита на животната средина, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности, евроинтеграции и локален економски развој, се избира кандидатот:

• БИЛЈАНА ШУРКОВА МАНАСКОВА

2.Административниот службеник ќе биде унапреден на работното место од претходниот став, врз основа на Решение донесено од Секретарот на Општината, а по завршување на постапката за избор и конечноста на оваа Одлука.

3.Оваа Одлука ќе се објави на web страницата на Општина Велес.

О б р а з л о ж е н и е

Општина Велес спроведе постапка за унапредување на административен службеник за извршување на работите од став 1 на оваа Одлука, преку објавен интерен оглас бр. 01/18.
Интерниот оглас беше објавен на web страната на општина Велес на ден 25.12.2018 година. Од страна на посебно формирана Комисија со Решение бр. 03-116/1 од 09.01.2019 година, спроведена е административна селекција, а од страна на Секретарот на Општина Велес извршено е интервју со кандидатот за погоре наведеното работно место, кој воедно беше и единствен кандидат пријавен по интерниот оглас.
Од страна на Комисијата за селекција изготвена е финална ранг листа со предлог одлука за избор на прворангираниот кандида и истата ја достави до Секретарот со Записник бр.02-116/6 од 21.01.2019 година, а врз основа на која Секретарот на општината изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука незадоволниот кандидат може да изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на објавување на одлуката на web страната на Општина Велес.