Соопштенија

Известување за состојбата со локалните патишта

Се известуваат жителите на Општина Велес дека на ден 15.1.2019 година во 12:00 часот од страна на МВР до Општина Велес беше пријавена непроодност на дел од општинскиот пат Раштани – Бузалково. Надлежните служби на општината веднаш излегоа на терен, каде што беше забележано дека поради специфичната конфигурација на теренот, интезитетот на ветарот, снегот од околните ниви се одвејува на патот и се создаваат поголеми наноси од снег.

Тоа доведе до отежнување на сообраќајот и создавање на поголема колона од возила. Од страна на Општина Велес итно беа преземени мерки и се ангажираше механизација од фирма избрана во тендерска постапка која работеше на расчистување на наносите од снег на патот.  Иако патот беше прооден, Општина Велес доби известување дека во попладневните часови повторно има наноси од снег.  Следното утро, снегот беше исчистен со потребната механизација поради ризикот при работа на механизацијата во ноќни услови.

Општина Велес ги информира жителите дека во текот на вчерашниот ден, 16.1.2019 по извршената обиколка, локалните патишта кои водат кон селата Оризари, Клуковец, Сливник, Бузалково, Раштани во овој момент се проодни, а сообраќајот се одвива во зимски услови.