Соопштенија

Одлука за избор на кандидати по Јавен оглас за вработување на неопределено време

Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.05/2018 (со арх.бр.04-6337/2 од 13.12.2018 година) ,

Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната:


О Д Л У К А
за избор на кандидати по Јавен оглас за
вработување на неопределено време

1. Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.05/2018 (со арх.бр.04-6337/2 од 13.12.2018 година) за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место- хигиеничар-ниво А3 шфра УПР 04 05 А03 004 – 3 (три) извршители, изврши избор на следните кандидати:

- Сузана Сенкова
- Лилјана Митрева
- Биљана Христова

2. Врз основа на одлуката за избор со избраните кандидати наведени во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, започнувајќи од 01.02.2018 година.

3. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Општина Велес на ден 13.12.2018 година објави Јавен оглас бр.05/2018 (со арх.бр.04-6337/2 од 13.12.2018 година) за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место- хигиеничар-ниво А3. Шифра УПР 04 05 А03 004 – 3 (три) извршители утврдени со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот оглас се јавија 8 кандидати.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријави и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка, Комисијата констатира дека во утврдениот рок поднесени се 8(осум) пријави. Од поднесените пријави седум се со комплетна, а една пријава е со некомплетна документација. За извршената селекција на пристигнатите докумнти и пријави по огласот, Комисијата до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со конечна ранг-листа на селектираните кандидати.


Врз основа на доставениот записник, а согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на тројца кандидати и донесе одлука како во диспозитивот.

ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната на Општина Велес.