Соопштенија

Одлука за невршење избор на кандидати

Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.05/2018 (со арх.бр.04-6337/2 од 13.12.2018 година) објавен во дневните весници „Вечер“ и „Нова Македонија“,
Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната:

О Д Л У К А
за невршење избор на кандидати

1.За работното место- работник за давање на податоци-ниво А2 Шифра УПР 04 05 А02 013 – 4 (четири) извршители во Секторот за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот – Одделение за правни и општи работи и месна самоуправа, по објавениот оглас бр.05/2018 (со арх.бр.04-6337/2 од 13.12.2018 година), НЕ СЕ ВРШИ ИЗБОР.

2.Донесената одлука ќе биде објавена на веб страната на Општина Велес.
3. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Општина Велес на ден 13.12.2018 година објави Јавен оглас бр.05/2018 (со арх.бр.04-6337/2 од 13.12.2018 година) за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место- работник за давање на податоци и информации-ниво А2 Шифра УПР 04 05 А02 013 – 4 (четири) извршители, утврдени со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот оглас се пријавија 26 кандидати.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријави и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека благовремено се поднесени 26 пријави од кои 23 се со комплетна документција, две се со некомплетна документација и тројца кандидати не го исполнуваат условот од огласот во однос на потребното образование. За извршената селекција на пристигнатите докумнти и пријави по огласот, Комисијата до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со конечна ранг-листа на селектираните кандидати.

Врз основа на доставениот записник, а согласно член член 23 став 4 од Законот за работните односи и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор од пријавените кандидати и донесе одлука како во диспозитивот.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната на Општина Велес.