Соопштенија

Одлука за неизбор на кандидати за вработување на неопределено време - пожарникар спасител – техничар

Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16) и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.04/2018 (со арх.бр.04-6336/2 од 13.12.2018 година) објавен во дневните весници Вечер и Нова Македонија,
Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната:

О Д Л У К А
за неизбор на кандидати
за вработување на неопределено време

1.За работното место- пожарникар спасител – техничар, ниво В3, реден број 104, шифра ПОЖ 02 10 В03 000 – 6 (шест) овластени службеници во ТППЕ Велес по објавениот оглас бр.04/2018 (со арх.бр.04-6336/2 од 13.12.2018 година), НЕ СЕ ВРШИ ИЗБОР НА КАНДИДАТИ.
2.Донесената одлука ќе биде објавена на веб страната на Општина Велес.
3. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Општина Велес на ден 13.12.2018 година објави Јавен оглас бр.04/2018 (со арх.бр.04-6336/2 од 13.12.2018 година) за прием на 6 (шест) овластени службеници во ТППЕ Велес во работен однос на неопределено време на работно место- пожарникар спасител – техничар, ниво В3, реден број 104, шифра ПОЖ 02 10 В03 000 утврдени со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот оглас се јавија 6 кандидати.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријави и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка Комисијата констатира дека се поднесени 6 пријави и сите се поднесени во утврдениот рок. За извршената селекција на пристигнатите докумнти и пријави по огласот, Комисијата до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со конечна ранг-листа на селектираните кандидати.
Врз основа на доставениот записник, а согласно член член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот не изврши избор од пријавените кандидати и донесе одлука како во диспозитивот.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната на Општина Велес.