Соопштенија

Општина Велес со мерки против загадувањето од фабриката „Благој Ѓорев“

Во врска со реакциите на граѓаните за појавата на густ црн чад од оџакот на фабриката за масло „Благој Ѓорев“, Општина Велес ги известува граѓаните дека е извршен вонреден инспекциски увид на работата на котлите во фабриката.

При надзорот е утврдено дека котелот на сончогледови пелети е во фаза на ремонт, а од 26 февруари годинава стартувал со работа котелот кој работи на мазут. Поради проблеми со горилникот, при стартување од ладно  има појава на густ црн чад. По барање на општинскиот инспектор за животна средина котелот е ставен вон употреба до преземање на мерки за надминување на состојбата.