Соопштенија

Честитка од градоначалникот Аце Коцевски по повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената

Драги сограѓанки,

Со голема благодарност за Вашиот голем придонес во развојот на Велес, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на сите граѓани Ви го честитам 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

Во духот на денешниот празник, Ве охрабрувам да опстоите во борбата за  економска, политичка и социјална рамноправност на жената.

Вашиот стремеж за еднаквост, останува еден од врвните приоритети на Велес како град на родова рамноправност, заслужена почит и достоинство кон жената како столб на иднината.

Ви посакувам, добро здравје, лична среќа и успех во сите предизвици во животот.

 

Искрено,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски