Соопштенија

Ларвицидно третирање против комарци

Општина Велес во текот на викендот го започна  спроведувањето на ларвицидно третирање против комарци како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Мерката е планирана во Програмата за активностите на Општина Велес  во областа на здравствена заштита, во 2019 година.

Реализацијата на активностите започна на 16.03.2019 (сабота) во раните утрински часови. Третирањето го извршуваше ЈЗУ- Центар за Јавно здравје – Велес. Со третирањето се опфаќа површина од 7 хектари. Акцијата беше спроведена од Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од Градскиот парк до делот на УЗ „Димче Мирчев“ па сé до реонот на „Долни Дуќани“. Третманот се врши со препаратот „Биопрен“ кој е безбеден за граѓаните и се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство.