Соопштенија

Известување за граѓаните - Акција за собирање на габаритен отпад

Почитувани граѓани,

 Пролетната акција за собирање на габаритен отпад започнува од 01-ви април до 01-ви мај 2019 година.

Ја имате можноста габаритниот отпад од Вашите домови да го отстраните со повик на телефонот  043/233-768, секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот.

 Во габаритен отпад спаѓа:

  • Мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи
  • Санитарии - кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалет шољи, славини за вода, огледала
  • Градинарска опрема  - огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи
  • Друг габаритен отпад - ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.

 

Габаритниот отпад не го изнесувајте на јавни површини и не го оставајте до контејнерите за отпад.

 Ве молиме да придонесете за заштитата на урбаната средина и доколку сакате да се ослободите од габаритен отпад да се обратите до ЈКП „Дервен“.

 Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна.

 

 

Ви благодариме за соработката,

 Општина Велес     

ЈКП „Дервен“