Соопштенија

Честитка од градоначалникот Аце Коцевски до граѓаните од католичка и протестантска вероисповед

 

Со голема благодарност за придонесот во негувањето на соживотот и највисоките човечки вредности во нашата заедница, на сите сограѓани и пријатели на Велес од католичка и протестантска вероисповед, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните им го честитам големиот празник Воскресение Христово-Велигден.

Посакувам овој голем празник да Ви донесе добро здравје, слога и благосостојба во семејствата.

Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски