Соопштенија

Честитка од Градоначалникот Коцевски по повод 1. Мај

Почитувани сограѓани и сограѓанки,

Со голема благодарност за Вашиот придонес во развојот на Велес, во свое лично име и во име на Советот на општината Ви го честитам, 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.

Ви посакувам многу успех во борбата за еднакви права и достоинство на сите работници кои со својот труд и посветеност придонесуваат за развојот на демократско и напредно општество.

Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски