Соопштенија

Честитка од Градоначалникот Коцевски по повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Почитувани претставнички и претставници на Црвениот крст и Црвената полумесечина,

Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓанките и граѓаните, ви го честитам 8 Мај, Светскиот ден на Црвениот Крст и Црвената полумесечина.

Вашата хумана мисија во овие две значајни организации преставува сила која носи позитивна промена за најранливите категории на граѓани. Вашата помош за население во ситуации како природни катастрофи, вооружени конфликти, обезбедување на поддршка е од посебно значење како пример за градење на вистинските човечки вредности во едно хумано општество.
Со искрена благодарност за Вашата голема посветеност и професионалност Ви посакувам уште поголем број на успеси во иднина.

Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски