Соопштенија

Честитка од Градоначалникот Коцевски за Светиот месец Рамазан

Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните на Велес, на сите сограѓанки и сограѓани со исламска вероисповед ви го честитам Светиот месец Рамазан и почетокот на Рамазанските пости.

Ова е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие. Овој ден нека ги исполни сите муслимани со добрина, милост, љубов и проштевање.

Ви посакувам благосостојба, мир, радост и успех на сите полиња.

Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски