Соопштенија

Честитка по повод Денот на пожарникарите

Почитувани пожарникари, Со голема благодарност за вашата храброст, пожртвуваност и професионалност, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓанките и граѓаните, ви го честитам 20 Мај, Денот на пожарникарите.

Вашата хумана работа е од непроценливо значење за нашата заедница бидејќи вие се изложувате на тешки и опасни ситуации, а многу често во опасност ги ставате и сопствените животи во заштита на граѓаните и нивните имоти.

Ви посакувам многу успех во извршувањето на вашата благородна професија.

Со почит, Градоначалник на Општина Велес Аце Коцевски