Соопштенија

Авионско прскање против комарци

Со контрола на Центарот за јавно здравје, денес во раните утрински часови се изврши првото авионско третирање против комарци.

Третирано  е подрачјето на  езерото  „Младост“, селото Отовица, месноста Јарбош, течението на Вардар од север од Башино село низ Велес до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари.На запад границата на третираното подрачје започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и селото Горно Оризари.

Со третирањето е  опфатено целото подрачје на градот и околината, како и целото течение на реката Вардар. И годинава активностите се спроведуваат  на целото подрачје на Езерото „Младост“ со непосредната околина. Авионското прскање против комарци го врши компанијата „БОНИЕР“ од  Куманово. Согласно договорот помеѓу општината и компанијата, прскањето се врши  со средството АУРОДИЛ СУПЕР Б, биоциден производ за уништување на летечки инсекти произведен од ЛОДИ ГРУП, Франција. Производот е одобрен од Бирото за лекови за употреба во јавен простор и не е штетен за луѓето. Полнењето на авионот и прскањето на подрачјето на општината е изведено под надзор на стручно лице од Центарот за јавно здравје – Велес.