Соопштенија

Честитка од Градоначалникот Коцевски по повод Меѓународниот ден на Власите

Почитувани сограѓанки и сограѓани од влашката заедница, Со голема благодарност за вашиот голем придонес од свое лично име, од име на Советот на Општина Велес и во име на сите граѓани ви го честитам 23 мај -Меѓународниот ден на Власите.

Ова е значаен ден за вас, затоа што се одбележуваат заложбите на вашите предци за признавање на влашката заедница како посебен народ и придонес во насока за зачувување на влашкиот јазик и култура. Ви благодарам за вашиот активен придонес во општествениот и културен живот во Велес и ви посакувам успех на сите полиња. Со почит, Градоначалник на општина Велес Аце Коцевски.