Соопштенија

Во тек пролетна дератизација

Општина Велес  го започна  спроведувањето на пролетна дератизација на Велес како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Овие мерки се  предвидени во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствена заштита за 2019 година.

Реализацијата на активностите започна во раните утрински часови на 28 мај годинава.  Третирањето кое опфаќа  површина од 150.000 м2 го врши компанијата ЛИСА-КОМ МК Кавадарци.

Во рамките на активностите денеска беа опфатени подрачјата на градскиот парк, градскиот стадион, паркот Каршијака, зелената површина кај Здравениот дом, Младинскиот парк, паркот кај Гимназијата „Кочо Рацин“, железничка станица, паркот на Општина Велес, отворениот канал спроти ООУ „Васил Главинов“, паркот „Васил Главинов“, зелената површина кај споменикот на „Алексо Демниевски Бауман“,  игралиштето и паркот во населба Тунел.