Соопштенија

Градоначалникот на Гнилање во посета на Општина Велес

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес беше домаќин на трочлена делагација од Општина Гнилање, Република Косово која беше предводена од г-дин Латфи Незири, градоначалник на Општина Гнилање, Косово.

За време на посетата на Велес, градоначалниците разговараа за воспоставување нови релации помеѓу двата града со што ќе се овозможи отпочнување на соработка на економски и културен план, но и вложување во нови проекти за искористување на европските фондови за развој на двете општини. Градоначалниците на двете општини ја заокружија едночасовната средба со желба за брзо остварување на интензивна соработка, од која со голема надеж очекуваат да произлезе успешна реализација на повеќе заеднички проекти во повеќе области со взаемна поддршка за доброто на граѓанките и граѓаните на двете општини.

Општина Велес е збратимена и има остварено повеќе билатерални соработки со повеќе градови од Турција, Србија, Бугарија, Франција, Хрватска, Романија, Полска, Словенија и Грција.