Соопштенија

Објава бр.1/2019 за давање во закуп на Градски базeн во сопственост на Општина Велес, по пат на електронско јавно наддавање

ОБЈАВА бр. 1/2019

 за давање во закуп на Градски базeн во сопственост на Општина Велес,

по пат на електронско јавно наддавање 

Врз основа на член 2, став 4, алинеја 1 и 2, член 36, од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и 101/19) Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес согласно Одлука на совет на Општина Велес за утврдување начин на времено користење  на објект сопственост на Општина Велес по пат на електронско јавно наддавање (Градски базен) бр. 25-2226/1 од 03.06.2019, објавува закуп на недвижен имот - Градски базен на КП 1798 заведени во Имотен лист 23410 во КО Велес, сопственост на Општина Велес, по пат на електронско јавно наддавање.

  1. ПОДАТОЦИ ЗА ГРАДСКИОТ БАЗЕН КОИ СЕ ДАВААТ ПОД ЗАКУП

 I.1. Недвижен имот – Градски базен во сопственост на Општина Велес кој е предмет на закуп се наоѓа на ул.„Алексо Демниевски” во Велес на КП 1798, со површина од: 

      -објект 1, намена помошни згради, површина 45м2, м.в. „Алексо Деминевски“, влез 1, кат ПР, стан/;

      -објект 2, намена помошни згради, површина 16м2, м.в. „Алексо Деминевски“, влез 1, кат ПР, стан/;

      -објект /,намена отоворен објект-базен, површина 1250м2, м.в.„Алексо Деминевски “, влез 1, кат ПР, стан/;

      -градежно земјиште, површина 5513м2, м.в.„Алексо Деминевски“ и

      -постојните угостителски шанкови, тенди и настрешници. 

Предмет на закуп е недвижен имот – Градски базен во сопственост на Општина Велес со почетната цена на месечна закупнина за објектот, со сите придружни објекти е 74.023,оо денари без ДДВ, утврдена како 0,5% од проценетата вредност на недвижната ствар.

 УСЛОВИТЕ ЗА ЗАКУП НА ГРАДСКИОТ БАЗЕН СЕ СЛЕДНИВЕ: 

  • Општина Велес ќе го издаде под закуп објектот на времено користење за време од 3 години.
  • Закупувачот на објектот  е должен да изврши санирање на делови од објектот и опремата за истиот да го доведе во фукционална состојба  за оваа сезона.
  • За ова е потребно да изврши повеќе зафати (појаснети во техничката спецификацијата) која сите заинтересирани може да ја подигнат од Општина Велес.
  • Сите зафати кои ќе ги изведува закупувачот, ќе бидат вршени под надзор на сопственикот, за што ќе се изаде согласност за нивно изведување, а истиот е должен до сопственикот да достави и предмер-пресметки за извршени и изведени работи.
  • По утврдување на целосната инвестицијата која ќе се вложи од страна на закупувачот, ќе се утврди можноста за колку време истиот може да биде ослободен од месечната закупнина за објектот.
  • По ова истата ќе биде доставена како предлог до Советот  за давање на согласност за времено ослободување од плаќање на закупнината.
  • Доколку за време на периодот за закуп, сопственикот одлучи да превзема други зафати на просторот на постојниот базен (изградба на мал пливачки базен), согласно планската документација, ќе достави предлог до Советот за намалување на закупнината во висина соодветна на просторот кој останува во закуп, одвоен од земјиштето-просторот наменет за изградба. 

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронско јавно наддавање е закуп на недвижен имот – Градски базен во сопственост на Општина Велес кој се наоѓа на КП 1798,  заведен во ИЛ бр. 23410, сопственост на Општина Велес. Градски базен кој е предмет на закуп, може да се види секој работен ден од 12:00 до 15:00, часот со претходна најава, до член на Комисијата.  

Истиот се издава во закуп во времeтраење од три години од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач. 

НАПОМЕНА: Цената за закуп е без ДДВ 18%. Во договорот за закуп ќе биде внесена постигнатата цена за закуп која ќе биде зголемена за ДДВ 18%. 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата. 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ 

Постапката за закуп со електронско јавно наддавање ќе се спроведува преку електронски систем за јавно наддавање.

Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, додделени заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (учество во постапка која ја спроведувала било која општина).

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени во објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната е-stvari.mk.

Документите потребни кон пријавата за електронското јавно наддавање се следниве:

  1. Пријава за учество
  2. Изјава со којашто ги прифаќаат условите што се дадени во Објавата.
  3. Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2 % од проценетата вредност на недвижната и движната ствар , за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал да се достави до Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес, на денот кога се доставува комплетната документација.
  4. Доказ за идентитет за правни лица:

- тековна состојба од Централен регистар на Р.М. – не постара од шест месеци (за правни лица);

- извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа (за странски правни лица);

  1. Доказ за идентитет на физички лица:

- лична карта или патна исправа;

  1. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронско јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на страната e-stvari.mk на која што ќе се одвива електронското наддавање.

Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање. 

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ 

Пријавите за учество на јавното наддавање се доставуваат најдоцна до 16.06.2019 год. (недела)

Објавата трае десет (10) дена почнувајќи од 06.06.2019 год.(четврток) до 16.06.2019год. (недела)

Документите се прикачуваат електронски на софтверот.          

Подносителите на пријави кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата, на денот на спроведување на јавното наддавање се регистрираат со корисничкото име и шифра за учество на јавното наддавање, по што имаат право на учество на јавното наддавање.                      

Подносителите на пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази нема да учествуваат во наддавањето за што ќе бидат известени по електронски пат.

Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk

Јавното електронско наддавање ќе се одржи на ден 18.06.2019год. (вторник) со почеток во 11:30 часот

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДУВАЧОТ ОД 2% ОД ПРОЦЕНЕТАТА ВРЕДНОСТ 

-Банкарската гаранција за сериозност на понудата е во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар односно: 

Банкарската гаранција изнесува  296.090,38 ден. 

-Покрај електронската достава на банкарската гаранција во скенирана верзија на оригиналот PDF формат, подносителот на понудата/пријавата за учество е должен истата да ја достави и во писмена форма (во оригинал) на адресата на Општина Велес ( со назнака: до Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес).

-Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма на наведената адреса ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.

-Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Македонија, а времетраењето на банкарската гаранција треба да изнесува најмалку 30 дена, сметано од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавата.

- Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.“ 

ПОСТАПКА

 Начин и постапка за спроведување на јавното наддавање:

- Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на недвижната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната и движната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

- Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда. Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на недвижната и движната ствар се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната и движната ствар  без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната и движната ствар  повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност. Намалувањето на вредноста на закупнината на предметот на закуп во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

- За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за закуп на недвижната ствар.

- Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

- Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата на сметка на Општина Велес во согласност со постигнатата крајна цена, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни и движни ствари.

- По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од петнаесет работни дена по извршената уплата на постигнатата цена за закуп на недвижната и движната ствар, Градоначалник на Општина Велес склучува договор за закуп на недвижната ствар . Договорот во рок од 30 дена се доставува кај нотар заради вршење на солемизација на договорот за закуп, нотарските трошоци се обврска на закупувачот.

-Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три  дена од одржувањето на јавното електронско наддавање до Комисијата, која одлучува по приговорот со Решение во рок од  пет дена од приемот на приговорот. 

Против, Решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. 

Детални информации врзани за објавата можат да се добијат на телефоните: 043/232-406 локал 110.   


Преземе документи тука:
- ОБЈАВА БР.1/2019
- ИЗЈАВА
- ПРИЈАВА