Соопштенија

Честитка од Градоначалникот Коцевски по повод празнувањето на Рамазан Бајрам

Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните на Велес, на сите сограѓанки и сограѓани со исламска вероисповед ви го честитам големиот верски празник Рамазан Бајрам.

Почитувањето на верските различности и постоењетона меѓусебна толеранција, се универзалните вредности на кои се темели секое општество, затоа со искрени желби за добро здравје и благосостојба во секое семејство, посакувам овој празник да донесе мир во срцата и спокој во душата на секој поединец.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен ден за сите граѓани на Репулика Северна Македонија.