Соопштенија
Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола
Градоначалникот на Општина Велес
ОБЈАВУВА
Барање за добивање на Б – Интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-1182/4 од 01.07.2019г.
Подносител на барањето:
Друштво за производство, трговија и транспорт "МИСА-МГ" ДООЕЛ експорт- импорт Скопје за инсталација за површински коп на минерални суровини: варовник и никел на локалитет “ГРООТ” Велес,
Адреса:
Ул.“Павел Шатев” бр.3 ламела 3/локал 10 Скопје-Кисела Вода, Кисела Вода
Локација на инсталацијата:
КП 10424/1 и КП 10424/5 КО Велес м.в “ГРООТ”
Контакт лице:
Горанчо Ковиловски – координатор за квалитет, тел: 070/366-808
Категорија на инсталација:
Точка 3. Индустрија на минерали
Подточка 3.2. Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини
Целокупната документација содржана во барањето, предлог-програмата за подобрување и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk
За сите потребни информации обратете се во Општина Велес, Одделение за заштита на животната средина на контакт телефон: 043/232-406, локал 106, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски