Соопштенија

Известување за јавност - градежни активности на улица Ризо Ризов

На ден 08.07.2019 година, Општина Велес во интерес на подобрување на патната инфраструктура, санирање на проблемите настанати како последица на неодамнешните поројни дождови, како и олеснување на комуникацијата на возилата и пешаците кои гравитираат на тој дел од градот, започна со реконструкција (бетонирање) на дел од улица Ризо Ризов, во должина од 80м.

Планираните градежни активности ќе се извршуваат од понеделник 08.07.2019 година до сабота 17.07.2019 година, поради што улицата ќе биде затворена за сообраќај, како и пристап со возила на улица Даре Џамбаз.
Поради тоа апелираме за внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица.