Соопштенија
Информација за одржување на јавна расправа по нацрт верзија на Студија за оцена на влијание врз животната средина за “Под – проект Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3” Општина Велес
Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство ја известува заинтересираната јавност дека како Инвеститор на “Под – проектот Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3” Општина Велес, заедно со консултантите од компанијата ENCON ја изработија Студијата за оцена на влијание на проектот врз животната средина.
Проектот за Хидросистемот Лисиче III фаза ќе се реализира со финансиска помош од Германската Банка за развој (KfW).
Јавната расправа по нацрт верзијата на Студијата за оцена на влијание врз животната средина за “Под – проект Хидро систем Лисиче, IPSVV фаза 3” Општина Велес, ќе се одржи на ден 22.08.2019 година во просториите на Општина Велес (прес сала во Општина Велес), со почеток во 13 часот.
Студијата за ОВЖС е подготвена со цел навремено да ги евидентира влијанијата врз медиумите на животната средина и општествените аспекти кои ќе бидат резултат на спроведувањето на проектните активности, предлага мерки за нивно ублажување и план за следење на предложените мерки со вклучени одговорни лица.
Нетехничкото резиме од Студијата е достапно на увид на веб страната на Општина Велес (http://veles.gov.mk).
Заинтересираната јавност своите забелешки по однос на нацрт Студијата можат да ги достават во писмена форма до одговорните лица за контакт до 23.08.2019 година.
Контакт лице: Биљана Шуркова Манаскова
Општина Велес
Адреса: ул. Панко Брашнар бр.1, 1400 Велес
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел: 071 397 243