Соопштенија
Барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола за Друштво за инженеринг, проектирање, монтажа и услуги "КЕПС МОНТ ГРОУП" ДОО Скопје
Барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола
за Друштво за инженеринг, проектирање, монтажа и услуги "КЕПС МОНТ ГРОУП" ДОО Скопје
Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е Барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-2471/3 од 13.08.2019 г.
Подносител на барањето:
Друштво за инженеринг, проектирање, монтажа и услуги "КЕПС МОНТ ГРОУП" ДОО Скопје
Адреса:
ул. “Мајаковски” бр. 26 Скопје-Центар, Центар
Локација на инсталацијата:
м.в. Баш колиби, КП 10845, КП 10849 и КП10848/1, Општина Велес
Контакт лице:
Кирил Смоквоски – управител
Категорија на инсталација:
Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење на техногена минерална суровина (ТМС)
Вид активности:
Површинска експлоатација на 1,8 милиони тони техногена минерална суровина (ТМС)
Целокупната документација содржана во Барањето, предлог-програмата за подобрување и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk.
За сите потребни информации обратете се во Општина Велес, Одделение за заштита на животната средина на контакт телефон: 043/232-406, локал 106, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски