Соопштенија

Честитка по повод Денот на Армијата

Почитувани припадници на Армијата на Република Северна Македонија, Во свое лично име, во името на Советот на Општина Велес и во името на сите граѓани, ви го честитам 18. август, Денот на Армијата. Вашето несебично залагање и посветеноста кон работата придонесуваат кон унапредувањето на мирот и на безбедноста за сите граѓани.

Пожртвуваноста, лојалноста и подготвеноста да реагирате во моментите кога е најпотребно го докажуваат и потврдуваат Вашиот професионализам и придонесот во остварувањето на целите кон заедничкото добро за граѓаните и Армијата.

Со почит,

   Градоначалник
на Општина Велес
    Аце Коцевски