енергетска
Енергетска инфраструктура
Во Општина Велес како енергент воглавно се користи електроенергијата. На просторот на општината нема капацитети за производство на електроенергија т.ш. потребите се задоволуваат од енергетскиот систем на Република Македонија.
Основната електропреносна мрежа е составена од далноводи и трансформаторски постројки од 35 и 10 KV кои се поврзани со далноводот од Скопје-Велес-Кавадарци. За трансформација од 110 KV на помали напони се користи главната трафостаница ТС 110/35/10 KV во Велес.
Преку локалниот електродистрибутивен систем со расположива разводна мрежа од 423 км се обезбедува квалитетно и стабилно снабдување со електрична енергија. Сите селски населби во општината се електрифицирани. Годишната потрошувачка на енергија во општината изнесува 128.200 MWh, додека специфичната потрошувачка по жител за потребите на домаќинствата се движи околу 980 kWh годишно.