сообраќајна

Сообраќајна инфраструктура

Општина Велес има централна местопололжба во Република Македонија. Таа претставува значеан сообраќаен јазол каде што се вкрстуваат најважните патни и железнички сообраќајни правци на меѓународниот сообраќаен коридор кој ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Северна Африка. Поради тоа сообраќајната инфраструктура има битно значење за долгорочниот стопански развој на општина Велес.

Низ подрачјето на општината поминуваат магистрални, регионални и локални патни правци. Градот Велес и општината како целина, се поврзани со државната и меѓународната патна мрежа преку патните правци од меѓународно и национално значење Табановце-Скопје-Велес-Гевгелија и Делчево-Штип-Велес-Градско-Прилеп-Битола-Меџитлија (алтернативно Битола-Струга-Ќафасан).

Железничкиот сообраќај се одвива преку железничкиот систем на Република Македонија. Низ општината поминуваат железничките правци:

  • магистралната пруга Табановце-Скопје-Велес-Гевгелија,
  • пругата Велес-Прилеп-Битола и
  • пругата Велес-Штип-Кочани.

  • Министерство за транспорт и врски  Агенција за државни патишта Македонски железници   Авто мото сојуз на Македонија