по 1991 год.

Велес по осамостојувањето на Македонија

Од осамостојувањето на државата 8 септември 1991 година Велес (тогашен Титов Велес) се соочи со многу кризи. Стопанството, големите капацитети со стари и непродуктивни технологии не ја издржаа конкуренцијата на пазарот. Социјалните стеги, падот на стандардот, невработеноста се сеуште проблем со кој се соочува најградот од XIX век. Но неговата рехабилитација отпочна.
 
Официјално името Велес почнува да се користи од 14 септември 1996 година со Законот за територијлната поделба на Република Македонија и одредување на на подрачјата на единиците на локалната самоуправа.
 
Градот Велес почнува да го живее новото време. Се реализираат во него нови проекти, еколошки, развојни, културни. Се афирмира во земјата и светот со културните дострели, со своето минато и визионирана иднина. Се уредуваат и градот и неговата околина.
 
Во секој дел од времето во секоја епоха има творци кои можат да ја сочуваат неговата историја. Создавајќи вредности за себе велешани го оставаат во наследство на идните генерации градот, реката, градбите, се оставаат себеси во местото кое е единствено нивно и единствено родно, татково.

Со таква мисла во себе ние му се обраќаме на градот денес.

Тој во првиот век на III милениум, на местоположбата што му ја одредиле нашите предци, денес има околу 55.000 жители. Раководењето со Општината го одлучуваат граѓаните на демократски, повеќепартиски избори. На чело на локалната власт е градоначалник и Совет на Општината. Развиената мрежа на невладини организации ги определува насоките и потребите на граѓаните во остварување на посебните потреби. Институционално граѓаните ги задоволуваат потребите од комуналната, образовната, здравствената и културната сфера. Стопанството го карактеризира акционерство и приватен капитал.

Во градот на многу суптилен начин се надополнува старата градска архитектура со новите современи градби, симболите на традицијата со потребите на новото време. Потребите за развој и инвестирање ги има секаде - од оние кои значат егзистенција, стопански развој - вработување, комунално уредување и култура.

Насоките поставени за реализирање на нејзиниот економски развој и проектите од сите области на живот пред се се насочени кон обезбедување здрава животна средина за велешани.