праисторија
Праисторија
Наоѓалиштата на фосилни остатоци во околината на Велес во селото Мамутчево, како и оние во глиништето во фабриката “Киро Ќучук” во самиот град, само ја потврдуваат теоријата дека овој простор отсекогаш бил населен со жив свет.
Еволуинирањето и појавата на homo sapiens се следат низ бројните траги низ времето од старата камена епоха - палеолит, па до денес.
Единствените истражувања од времето на палеолит во Македонија се вршени во непосредна близина на Велес, во месноста Пешти, на 110 метри над десниот брег на реката Бабуна, во пештерата Макаровец. Според научниците пештерата е со старост од 70.000 до 10.000 години п.н.е., а пронајдената фосилна фауна укажува на цицачи животни од ова време (пештерска мечка, пештерска хиена, пештерски лав, козорог, волци и лисици). Пронајдените артефакти од камен упатуваат на доцен палеолит.
Во бронзеното време, кога се карактеристични почетоците на формирање етнички заедници, реонот на повардарието го населувале Пајонците, Бригите и античките Македонци. За Велес и околината се претпоставува Пејонско население во текот на целиот I милениум п.н.е. кое во IV и III век п.н.е. формирало кралство. Траги од ваква населба се присутни на локалитетот Теќе на 2км. од Башино Село, во близина на вливот на Отовичка река во езерото Младост.
Локалитетите од железното време придонесуваат за формирање на сликата на животот во првите векови од I милениум п.н.е. Такви се лоцирани во селото Долно Оризари на локалитетот Свилара каде е пронајдена некропола, могилите во с.Иванковци на локалитетот Инчерлак како и остатоците пронајдени во месноста Тумба во с.Караслари.
Организираниот живот на Пајонците овозможил подоцна на оваа територија да се развијат по организирани форми на општествено живеење.