преродба
Национална преродба
Страница 1 од 5
Реформите во турскиот државно-правен, политички, економски, верско-просветен и војнички систем од 1839 година популарно наречени “Гилхански хатишериф” или “Акт на справедливост и благодејанија”, поволно се одразиле врз граѓанството на Велес. Според овој акт се воведувала еднаквост меѓу муслиманското и христијанското население, се зголемувале гаранциите и неприкосновеноста на личноста, честа и имотот, еднаквоста пред судот и законот. Тоа овозможувало отворање на училишта на македонски јазик, изградба и реконструкција на цркви и манастири и слободна трговија и производство.
Овој акт го забрзал стопанскиот подем на Велес, но особено створил услови за црковно-просветно и културно делување.
Иако во Велес словенската писменост и кирилската традиција никогаш не биле прекинати (како во ниеден град во Македонија во Велес и околината биле сочувани бројни книги и ракописи со кирилско писмо повеќе од 400 години), во почетокот на XIX век (1800-1818 година) се забележува учителска дејност на велешаницот Давче Ангелов Станин, со големо присуство на црковно-словенскиот јазик. Тој како и Петруш Михов пишувал книги потребни за богослужба.
Уште на крајот на XVIII век во Велес егзистираат две црковно-епископски општини на двете страни на градот: источна - Прцоречка и западна - Оризарска, чии корени лежат во ќелијните приватни училишта, во просториите на црквите или во побогатите куќи. Спомнатиот Давче Станин и Даскал Митре работеле во метохот Св.Ѓорѓија во источната, а Даскал Вано во западната црковна општина. Бидејќи нивната просветно-културна дејност била второстепена, среде граѓанството се појавила потреба од основање училишна општина. За таа цел во 1820 година во Велес се вовело бесплатно школување на сиромашните деца, се организирала работата на училиштата и се извршила селекција на училишниот персонал. Училиштето на источниот дел од градот станало општинско т.е. бесплатно. Во првото “училишно настојателство” учествувале четворица училишни настојници: Димо Палашев, Давче Пулков, Кимо Лапев и Ангелко Палашев.

- Пред
- Следно >>