до XIX век
Велес до средината на XIX век
Страница 1 од 2
Многу европски патеписци во почетокот на XIX век поминале низ Велес и оставиле значајни податоци за градот. Првиот руски конзул во Битола Михаил Александрович Хитрово, во еден свој дипломатски извештај од 1862 година соопштува дека во Велес живееле 20.000 жители, во целата велешка каза 72.000 жители. Но изгледа дека оваа бројка се однесува за градот со неговите оближни села затоа што Јордан Хаџи Константинов - Џинот истата година во својот напис во “Цариградски вестник” пишува: “Велес град содржава до 5.000 души христијани”.
Националниот состав на жителите го сочинувале 2/3 христијани (Македонци и Власи) и 1/3 муслимани (турско исламизирано население). Во околината на Велес живеала и помала група Роми.
Социјалниот статус на населението бил хетероген. Покрај бедниот закрепостен елемент во селата и еднаково сиромашни граѓани во Велес егзистирал слој од богати трговци, занаетчии, зеленаши, банкари и сл. Тие имале специјален документ (ферман или берат) кој ја потврдувал нивната привелегирана положба. Статусот во градот го покажувале со носење капи - беретки, а комуницирале на турски или друг странски јазик. Тие (20-тина) имале специјална должност да се грижат за 120 м. долгиот и 4,5 м. широкиот мост на Вардар. Некои од овие семејства како Леовци, Лапевци, Талаковци, Џајковци, Тодоровци и Салџиевци сеуште постојат во Велес.
Во XIX век, велешката чаршија и пазарот се наоѓаат во источниот дел од градот. Чаршијата била направена од мали дрвени дуќанчиња во подножјето на Прцорек (Брзорек - поради брзото течение на Вардар на местото каде коритото се стеснувало, а водите се одбивале од грамадна карпа). Над него е месноста Речани, плодно пространство каде биле сместени бавчите и градините на велешани. По течението на Дервенскиот поток, до вливот во Вардар се наоѓал мал градски плоштад.

- Пред
- Следно >>