II с.в. и потоа
II светска војна и по неа
Страница 1 од 6
Германските продирања на територијата на Македонија биле проследени со воздушни напади. Уште на 6 април 1941 година, Велес 13 пати бил надлетуван од германски авиони. Страв и паника се населиле во градот од плитар. Којник, Бузаана, Мегдан, Сармаале, Варналиите, железницата, мостот, центарот, ги потресле силни детонации веќе на 7 април утрото. Многу жртви и рушевини. Цели семејства го завршиле својот пат во тоа априлско утро. Другиот ден градот го опседнале окупаторските единици, се блокирал целокупниот економски и културен живот.
Изменетите воено-политички услови придонеле воведување на воена управа со строго пропишани правила на живеење и однесување. Ова ја отежнувало политичката активност на КП како единствена политичка сила. Ангажирањата се насочиле кон прибирање оружје и создавање услови за вооружено востание.
Воено-полициските органи во Велес и биле доделени на Бугарската сојузничка држава која целокупната активност ја насочувала кон откривање и оневозможување на делувањето на КП. Покрај редовните мерки на насилство, апсења и прогони, формирала профашистички организации во интелектуалните јадра со тенденција за национална асимилација со фалсификување на македонската национална историја, преименување на историските личности во бугарски и т.н.
Бугарската власт мошне успешно и систематски го спроведувала пљачкањето и теророт врз населението. Реквизицијата и ограбувањето предизвикале недостиг од стоки за широка потрошувачка и воведување на купонски систем. Овие услови го зголемувале незадоволството на народот кој единствен излез и помош барал во делувањето на партијата. Кон членовите на партијата се придружиле членовите на ВМРО. Бане Андреев-Ронката и Панко Брашнаров формирале Местен воен комитет и создавале услови за почеток на вооружена борба. Комитетот го сочинувале покрај нив и Никола Кирков, Борис Гонев, Благојка Демниева, Коло Бабункси, Јовче Чучук, Димко Митрев, Јовче Матев и Страхил Гигов. Набрзо активноста се проширила и во велешката околија, Азот и Клепа преку Трајче Петкановски, Стоилко Ивановски-Планински, Боро Мокров, Димче Мирчев, Трајко Капчев, Орце Лазов и др. Во месните комитети огромна помош и поддршка добивале од народот.

- Пред
- Следно >>