Стручна расправа за нацрт изменување и дополнување на Генерален урбанистички план на град Велес

Денес во Општина Велес се одржа стручна расправа за нацрт изменување и дополнување на Генерален урбанистички план  на град Велес дел од урбана единица 1, блок 1А  и 1Б - Општина Велес

Границите на планскиот опфат се следните:

• од СЕВЕР -  границата на градски градежен реон по постоен ГУП на град Велес;
• на ЗАПАД -  оска на планирана улица”6” предвидена со постоен ГУП на град Велес;
• на ИСТОК - границата на Блок 1Б дефиниран со постоен ГУП на град Велес;
• на ЈУГ -  граница на Блок 1Б дефиниран со постоен ГУП на град Велес;

Вака дефинираниот простор за изработка на наведениот плански документ зафаќа  површина од 45ha.

Нацрт Изменување и дополнување на Генерален урбанистички план  на град Велес дел од урбана единица 1, блок 1А  и 1Б - Општина Велес ќе биде изложен во Граѓанскиот сервис центар од  13.05.2013 – 31.05.2013 година година секој работен ден од 7.30  до 15.30 часот.

Нацрт планот e изложен и на веб страната на Општина Велес – www.veles.gov.mk (кликнете на следниот линк)

Во овој период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови.